ЕУ предлага уште тримесечна контрола на шенгенските граници

Брисел, 25 октомври 2016 (МИА) - Европската унија ќе им дозволи на петте земји што воведоа контрола на своите граници во рамки на Шенген зоната, да ги продолжат граничните проверки за уште три месеци, се наведува во денеска објавените препораки на Еврокомисијата, кои се однесуваат на миграциските и безбедносните предизвици, јави ДПА.

Австрија, Данска, Германија, Норвешка и Шведска минатата година во екот на мигрантскиот наплив кога во Европа влегоа над еден милион бегалци, воведоа времени контроли на своите шенгенски граници, кои досега беа продолжувани во неколку наврати.

Берлин, Виена и Копенхаген повикаа на ново продолжување на рокот за граничните контроли, кој истекува на 12 ноември, на што се противат некои од земјите членки на ЕУ од централна и источна Европа, кои сметаат дека мигрантскиот притисок е значително намален и дека нема потреба од вакви мерки. 

Намалувањето на приливот на мигранти уследи по договорот меѓу ЕУ и Турција со кој беше запрено масовното преминување на бегалци од турска територија кон Грција, од каде потоа преку балканската рута тие се упатуваа кон западноевропските земји.  

Европската комисија во својата денешна препорака оценува дека улинувањето на граничните контроли би можело да доведе до зголемен број на мигранти во овие земји, во услови кога тие се уште се соочуваат со проблеми при решавањето по барањата на постојните баратели на азил.

- Работиме напорно за нормализација на состојбите во Шенген зоната што е можно побрзо и направивме забележителен напредок во тој правец, изјави потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.

Предлогот на Европската комисија за породлжување на граничните контроли треба да го одбри Советот на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...