Ренци се заканува со вето на Буџетот на ЕУ

Рим, 25 октомври 2016 (МИА) - Италијанскиот премиер Матео Ренци денеска се закани дека Рим би можел да стави вето на новиот Буџет на ЕУ, затоа што, како што рече, нејзините европски партнери ја оставиле Италија сама да се справува со напливот на мигранти.

- Ние даваме 20 милијарди евра на ЕУ, а таа ни враќа 12. Ако Унгарија, Чешка и Словачка не сакаат да покажат морал во врска со мигрантите, тогаш дозволете и на Италија да каже дека механизмот (за финансирање на ЕУ) повеќе не функционира, изјави Ренци за италијанската државна телевизија РАИ Уно.

Прашан дали тоа значи дека Италија е подготвена да стави вето на буџетот на ЕУ, Ренци кусо одговори: „Да, апсолутно“.

- Оној што гради ѕидови за мигрантите, може слободно да заборави на италијанските пари. Ако не може да поминуваат мигрантите, нема да поминуваат ни парите, изјави Ренци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...