„Волстрит Џурнал“: Русија ги зголемува безбедносните мерки од можен нуклеарен напад

Њујорк, 26 октомври 2016 (МИА) - Русија ги обновува скривниците и ги тестира гас-маските во време на затегнати односи меѓу рускиот претседател Владимир Путин и САД, со што дополнително се подгрева Студената војна, оценува весникот  „Волстрит Џурнал“ во текст под наслов „Русите изведуваат вежби за преживување во случај на експлозија на нуклеарна бомба“.

Американскиот весник наведува дека „руските власти ги зголемиле мерките за преживување во случај на нуклеарна војна при пресметка со Вашингтон, бришејќи ја прашината од плановите за цивилна заштита од советската ера и обновувајќи ги скривниците во најголемите градови“. 

- Студената војна се врати во Министерството за вонредни ситуации во Кремљ. Земјата неодамна го одржа најголемите вежби за цивилна заштита уште од распадот на СССР, во кои, како што наведуваат претставниците, 40 милиони лица извршиле вежби за одговор на хемиска и нуклерна закана, пишува „Волстрит Џурнал“. 

Весникот додава дека „паралелно со тоа, коментаторите од медиумите под државно влијание, упатуваат ужасни антиамерикански коментари, какви што не се слушнати со години“. 

- На Русија и е доста од арогантните лаги на Америка, ги пренесува зборовите на „влијателниот коментатор Дмитриј Кисељов“, искажани овој месец по пропаѓањето на сирискиот мировен план. 

Шефот на рускиот „Левада Центар“ за истражување на јавното мислење, Лев Гудков, за „Волстрит Џурнал“ вели дека „заканата со нуклерна војна исто така праваи полесно да се влијае врз жителите со цел тие да не бидат критички настроени кон власта“. 

- Поголем дел од луѓето веруваат дека Третата светска војна веќе е почната, но сега се уште сме во студената фаза на војната, која може, а и не мора, да се претвори во огнена војна. А за време на војната морате да ја поддржувате власта во вашата земја, наведе Гудков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...