Продолжена мисијата на францускиот носач на авиони во операциите во Ирак и Сирија

Париз, 26 октомври 2016 (МИА) - Мисијата на симболот на француската воена моќ, носачот на авиони „Шарл де Гол“, кој од 30 септемврие стациониран во источниот дел на Средоземното Море за водење на борбени и разузнавачки мисии во Ирак и Сирија, е продолжена до декември, јави дописникот на МИА од Париз.

Одлуката за продлжување на мисијата на францускиот носач на авиони авиони, кој е вклучен во операцијата за ослободувањето на Мосул од Исламската држава (ИД), е донесена на денешниот состанок на Советот за безбедност и одбрана во Елисејската палата.

- Советот за одбрана ги разгледа воените, хуманитарните, политичките и безбедносните прашања околу операцијата на Мосул. Претседателот на Република одлучи да ја прошири дејноста на борбената група вклучена во операцијата до средината на декември, стои во соопштението на Елисејската палата.

Во соопштението натаму се нагласува и дека на заседанието на Совет за одбрана „посебно била разгледана“ ситуацијата во Алепо.

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ повторно е распореден во источниот Медитеран од 30 септември за водење на борбени и разузнавачки мисии во Ирак и Сирија. Оваа операција беше првично планирано да трае еден месец. „Шарл де Гол“ носи 24 борбени авиони од типот „Рафал“, со кои тројно се зголемува француската ударна сила во регионот.

„Шарл де Гол“ е придружуван од флотила составена од една подморница, неколку фрегати, како и од и американскиот брод „Рос“ и германскиот „Аугсбург“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...