Криминалот од омраза во Германија со раст од три четвртини за една година

Берлин, 26 октомври 2016 (МИА) - Истражувањето на германската Влада за квалитетот на животот во земјата, покажува дека во споредба со 2014 година, лани за огромни 77 проценти пораснал бројот на криминални акти мотивирани од омраза, јави дописникот на МИА од Берлин.

Во извештајот на 323 страници, со кој германската Влада одговара на прашања на свои 16.000 граѓани, се смета за алармантен, затоа што во него се евидентирани над 10.300 криминални акти мотивирани од политички разлики, ентичка припадност, боја на кожа или религија.

Во најголем број од овие случаи, дури 8.529, жртви се странци што претставува раст од 116 проценти, а криминалот причинет од омраза на интернет пораснал за 176 отсто со вкупно 3.084 случаи.

Весникот „Пасауер Ноје Пресе“ тврди дека ланскиот извештај за кој денеска треба да се произнесе Владата во Берлин, има најголем негативен тренд од 2001 година, па досега. Весникот забележува дека трендот на криминал од омраза е контрадикторен со главната желба на сите испитаници за „толеранција и почит кон сите поединци“.

Според извештајот, граѓаните од германските власти очекуваат да се справат со провалните кражби, кои се зголемени за 10 отсто и се на ниво од 167.000 во 2015 година. Меѓу главните очекувања на германските граѓани е и зголемување на процентот на решени случаи на криминал, кој лани паднал на 27 отсто во споредба со 32,3 проценти во 1998 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...