Притисок врз Шпанија да не дозволи полнење гориво за руската флотила за Сирија

Лондон,26 октомври 2016 (МИА) - Владата во Мадрид е изложена на „силен притисок“ од сојузниците во НАТО, за да не дозволи полнење гориво за руските бродови кои пловат кон Сирија.

Лондонските медиуми пишуваат дека Шпанија сега ја преиспитува својата поранешна одлука да дозволи полнење гориво за руските бродови.

Според претходниот договор, бродовите треба да полнат гориво во енклавата Сеута, на мароканскиот брег, која е под шпанска контрола.

Флотилата од десетина руски бродови, која ја предводи носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ претходно помина низ каналот Ламанш, на пат за источниот Медитеран, аво текот на денешниот ден би требало да поминат низ Гибралтарскиот теснец.

Владата во Лондон го покрена прашањето за горивото, во текот на својата засилена антируска кампања.

- Ние ќе бидеме исклучително загрижени, доколку Русија добие право, нејзините бродови да полнат гориво- рекол британскиот минстер за одбрана Мајкл Фалон.

Тој побара од земјите членки на Алијансата да „останат обединети„ во отпорот кон Русија.

Претходно, НАТО изрази загриженост за можноста, руските бродови што треба да се стационираат покрај сирискиот брег, би „можело да се искористат за бомбардирање цивили во Алепо“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, подоцна, објасни дека Алијансата и остава на Шпанија самата да одлучи околу горивото за руските бродови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...