Бегалците во Германија, Германците во странство

Минатата година 138 илјади Германци ја напуштиле Германија во потрага по подобар живот во странство, објави германската статистичка служба „Дестатис“, пренесува дописникот на МИА од Берлин.


Според анализите на весникот „Ди Велт“ во последниве 10 години од Германија се иселени 1,5 милиони Германци од кои голем дел се високо образувани специјалисти. Според анализите бројот на исселени Германци се зголемил со воведување на политиката на отворени врати за бегалците од страна на канцеларката Меркел.

За експертите проблемот не е само поради речиси двојно повеќе странци кои што оваа година ќе пристигнат во земјата (околу 300,000)  од оние што ја напуштаат туку пред се во нивните различни капацитети да ја помогнат германската економија. Најголем дел од новодојдените мигранти немаат знаења кои што можат да бидат искористени во земјата поради што беа променети законите со кои во иднина многу полесно ќе бидат преотерувани барателите на азил кои што биле одбиени од германските власти. 

Разочарувањето на граѓаните со политките на владата во врска со имиграцијата најдобро може да се види од порастот на рејтингот на крајно десничарската „Алтернатива за Германија“ (АФД) која што веќе влезе во 10 од 16 покраински парламенти а на сојузните избори догодина може да освои меѓу 12 и 20 % од гласовите.
 
Наспроти АФД, владината коалиција меѓу СПД и ЦДУ/ЦСУ веќе загуби една третина од својот рејтинг во 2013 година и падна под 50 % поддршка во јавноста со што Германија најверојатно ќе треба да бара нови членови на владеачката коалиција на федерално ниво, процес кој што ќе ги засили разликите и спротивставеностите меѓу конзервативците и социјалдемократите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...