Руските бродови нема да полнат гориво во шпанската енклава Сеута

Мадрид, 27 октомври 2016 (МИА) - Шпанското министерство за надворешни работи соопшти дека Русија го повлекла своето барање за пристанување на нејзините воени бродови во енклавата Сеута, на мароканскиот брег, што е под контрола на Шпанија.

Три бродови од флотилата, која од Русија плови кон Медитеранот и Сирија, требаше да влезат во пристаништето во Сеута, но закажаната посета сега е откажана, откако владата во Мадрид беше изложена на силен притисок да не го дозволи тоа.

Официјален Лондон и британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон кои први се спротивставија, ја истакнаа загриженоста на Британија за можноста руските бродови да се снабдат со гориво од шпанската територија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди на можноста бродовите да бидат искористени за бомбардирање цивили во сирискиот град Алепо, но остави на владата во Мадрид сама да одлучи.

Ситуацијата ја разреши Русија, кога нејзината амбасада во Шпанија соопшти дека посетата на бродовите е откажана од руска страна.

Министерство за одбрана во Москва, подоцна, соопшти дека немало никакво барање за полнење на горив, во некое шпанско пристаниште, за главнината на руската флотила, а пред се за носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“.

„Руските бродови имаат доволно ресурси за изведување на својата мисија“, се вели во соопштението од Москва, што го пренесуваат западните медиуми.

Според руското објаснување за случајот, постоел договор со владата на Шпанија, три руски воени бродови да ја посетат Сеута, во периодот меѓу 28 октомври и втори ноември, како и дека станува збор за пракса која се користи веќе неколку години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...