Неуспех на белгисите преговори за ЦЕТА договорот, средбата во Брисел нема да се одржи

Брисел, 27 октомври 2016 (МИА) - Белгиските регионални и федерални власти не постигнаа успех во преговорите за потпишување на трговскиот договор меѓу ЕУ и Канада, јавија локалните медиуми. 

Преговорите започнаа во вторникот и продолжија до доцна во ноќта. 

Учесниците соопштија за постигнатиот напредок, но не и за окончување на договорот. 

Средбата на ЕУ и Канада во Брисел, која беше планирана за денеска, неофицијално е откажана, а синоќа канадските власти соопштија дека премиерот Џастин Трудо останува во Отава. 

- Канада е подготвена да го потпише овој важен договор, кога Европа ќе биде подготвена, изјави Алекс Лоренс, портпарол на канадското Министерство за меѓународната трговија. 

Премиерот Џастин Трудо се очекуваше да полета синоќа за Брисел, за да стави потпис под договорот за слободна трговија, но неговото патување засега е одложено поради неспособноста на Белгија да постигне компромис меѓу регионите и провинциите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...