Наградата Сахаров за двете преживеани жени од масакрот на Исламската држава

Стразбур, 27 октомври 2016 (МИА) - Европскиот парламент денеска одлучи нагардата Сахаров 2016 за слобода на духот да им ја додели на двете жени језиди од Ирак, кои го имаат преживеано масакрот на Исламската држава во Ирак, пренсува дописникот на МИА од Стразбур.

Надиа Мурад и Ламиа Хаџи Башар станаа личности за одбрана на језиди заедницата, откако го преживеа кошмарот како и илјадници други млади девојки грабнати и принудени на сексуално робство од страна на терористичката организација Исламска држава.

За наградата Сахаров 2016 година беа кандидирани годинава, Чан Дундар, новинар и бранител на слободата на изразувањето во Турција, Мустафа Џемилиеф, лидерот на Кримските Татари, Надја Мурад Бас и Аџи Ламија Башар, преживеаните од Језиди заедницата од масакрите на Даеш и Илхам Тохти, ујгурски активист.

Поранешниот уредник на турскиот весник Чумхуријет, Чан Дундар беше уапсен во ноември 2015 по објавувањето во неговиот весник на фотографии од турските разузнавачки служби, кои им обезбедуваа оружје на сириските бунтовници. Дундар беше осуден на пет години и десет месеци затвор за „откривање на државни тајни". Тој го преживеа обидот за атентат, а сега живее во егзил.

Дундар беше номиниран од страна на Групата на зелените / Европската слободна алијанса, група за Европа на слободата и директна демократија и група на Европската обединета левица / Нордиска зелена левица.

Мустафа Џемалиеф се бори за човековите права и малцинствата повеќе од половина век. Поранешниот претседател на Собранието на Кримските Татари, поранешен советски дисидент и украински пратеник, беше депортиран со своето семејство на возраст од шест месеци во Централна Азија. Како и многу други Татари од Крим, тој се врати 45 години подоцна. По анексијата на Крим од страна на Русија, тоа повторно му е забрането.

Тој беше номиниран од страна на Групата на Европската народна партија и Европските конзервативци и реформисти.

Надја Мурад Бас и Аџи Ламија Башар, годинашниве лауреати беа номинирана од страна на Алијансата на либералите и демократи за Европа и на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент.

Илхам Тохти се залага за малцинските права на Ујгурите во Кина. Осуден на доживотен затвор, тој беше осуден за „сепаратизам" како ко-основач на веб-сајтот Ујгурски онлајн за да се олеснат односите меѓу Ујгурите и Кинезите Хан.

Тој беше номиниран од страна на пратеникот Илхан Кичулук од Бугарија и 42 други пратеници.

Наградата Сахаров за слобода на мислата е парична и е во висина од 50 илјади евра. Се доделува од 1988 година на поединци и организации кои ги бранат човековите права и слободи. Се доделува секоја година од страна на Европскиот парламент.

Минатата година наградата му беше доделена на Раиф Бадави, саудиски блогер и бранител на човековите права. Тој е автор на веб-сајт Слободен Саудиски либерал. Уапсен во 2012 година, тој беше осуден на 10 години затвор и 1000 удари со камшик и голема парична казна за навреда на исламските вредности на својата веб страница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...