Келин: Тврдењата на НАТО за учество на групата на „Адмирал Кузнецов“ во Алепо се смешни

Москва, 27 октовмри 2016 (МИА) - Тврдењата на НАТО за можното учество на групата носачи на авиони „Адмирал Кузнецов“ во воените дејствија во сирискиот град Алепо се смешни. Алијансата нема причина да се грижи поради движењата на групата во Средоземното Море, а над самиот град нема летови на руската воена авијација, изјави претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Андреј Келин, пренесува МИА. 

- Загриженоста е целосно неоснована, бидејќи веќе деветти ден нема наши авиони дури ни близу до Алепо, објасни Келин и истакна, дека руските воени бродови и претходно поминувале низ Средоземното Море. 

- Нема никаква основа за какви било  сомневања, нема никаква основа за изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, нагласи Келин. 

Претставникот на руското МНР објасни дека во моментов руската воена авијација воопшто не се доближува до Алепо, и потенцира дека тоа и претходно било изјавено од страна на руското Министерство за одбрана. 

- Зошто тогаш да создаваме некакви нејасни претпоставки, и врз основа на нив да упатуваме политички препораки? Се разбира, тоа е смешно, порача рускиот дипломат. 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера предупреди дека бродовите, кои пловат кон Сирија, можат да бидат користени за напади врз мирното население во Алепо, како и за нанесување на уште воздушни удари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...