Сириски тинејџер барал локации за терористички напад на ИД во Берлин

Берлин, 27 октомври 2016 (МИА) - Германското федерално јавно обвиннителство денеска објави дека 19-годишниот сириски мигрант Шаас ал М. кој минатата недела беше уапсен за учество во странска терористичка организација и прекршување на законнот за контрола на оружјето низ Берлин барал локации на кои што „Исламската држава“ би можела да спроведе терористички напади.

Според обвинението против него сирискиот мигрант се товари и за регрутација на најмалку еден германски граѓанин за учество во конфликтот во Сирија.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, Шаас ал М. сам се пријавил да биде посредник за членови на ИД кои што би извршиле терористички напади во Германија а освен логистичка поддржка понудил директно да учествува во нападите.

Шаас ал М. станал член на ИД во 2013 година уште додека живеел во Сирија по што минал воен тренинг и извршувал стражарски задачи пред да дојде во Германија минатата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...