Италија: Спасувачи пребаруваат под урнатини по денешниот земјотрес

Рим, 30 октомври 2016 (МИА) – Спасувачки служби интензивно пребаруваат под урнатини од згради по новиот силен земјотрес што ја погоди централна Италија, во обид да спасат повредени и да утврдат дали има загинати.

Директорот на италијанската Служба за цивилна заштита во регионот на Марка, Чезаре Спури изјави дека има информации оти во многу градови на подрачјето погодено утрово од земјотресот има урнати згради.

Централниот дел од Италија утрово го погоди земјотрес со интензитет од 6,1 степен по Рихтеровата скала.



„Земјотрес со интензитет од 6,1 по Рихтеровата скала ја погоди Италија во 7:41 минута по локално време“, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Епицентарот бил меѓу Норча (колу 5 илјади жители) и Пречи (752 жители) во провинцијата Перуџа во областа Умбрија.

Телевизијата РАИ објави дека потресот бил толку силен што бил почувствуван во Рим. Земјотресот бил почувствуван и во Хрватска, Словенија и БиХ.

Во средата земјотрес со интензитет од 5,4 степени го потресе истото подрачје кај Перуџа и беше почувствуван и во Рим.

Пред два месеца земјотрес на истото подрачје срамни со земја неколку помали градови при што загинаа речиси 300 луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...