Шпигел: НАТО разгледува сценарија во кои САД би ги повлекла своите војници од ЕУ

Берлин, 12 ноември 2016 (МИА) - НАТО стравуваше од победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД бидејќи тој повеќепати покажа скептицизам во однос на Алијансата. Сега во Брисел не ја исклучуваат можноста Вашингтон, под новата администрација, да одлучи да повлече дел од своите војници во Европа, пишува германското списание „Шпигел“, цитирано од ТАСС.

Во таен извештај на штабот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вака се опишува сценариото во кое Трамп е претседател на САД. Во него експертите разигруваат варијанти во кои Трамп ја реализира својата закана за помало учество на американските војници во чувањето на европската безбедност или дури и повлекување на дел од американските војници од континентот, пишува „Шпигел“.

Доколку Трамп навистина преземе таков чекор тешко дека ќе можат да се надоместат загубите, дури и од земји како Германија, бидејќи тие немаат воени единици кои би можеле да ги заменат американските. Имено, овој фактор може да ги доведе владите на ЕУ до разгледување на улогата на нукеларното оружје во системот за одбрана на Алијансата, пишува списанието.

Во својата предизборна кампања Доналд Трамп даде серија остри изјави на адреса на сојузниците во НАТО. Тој, освен тоа, изјавуваше дека „САД преземаат непропорционално поголем дел од трошоците на НАТО".

Земјите од НАТО треба да учествуваат во заедничкиот фонд на Алијансата со непомалку од два процента од својот БДП. САД плаќаат 3,6 процента, а Велика Британија - 2,1 процента. Останатите земји не го исполнуваат овој критериум, на пример, делот на Германија е 1,2 процент од БДП, или 40 милијарди долари, забележува ТАСС.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...