Полската премиерка минала без повреди во сообраќајна незгода во Израел

Варшава, 22 ноември 2016 (МИА) - Неколку возила од колоната во која се наоѓала и автомобилот со полската премиерка Беата Шидло, синоќа имале судар, на самиот почеток од нејзината државна посета на Израел. Премиерката минала без повреди, затоа што возилото во кое се наоѓала не учествувало во сударот, соопштија денеска полски официјални претставници, јавуваат американските медиуми.

До сообраќајната незгода дошло доцна синоќа, во момент кога премиерката била на пат од аеродромот во Тел Авив кон Ерусалим, на почетокот на полско-израелските разговори.

Портпаролот на полската Влада, Рафал Бошенек, изјави дека двајца полски претставници се наоѓаат под медицински надзор, но дека не се тешко повредени.

Еден од нив е член на обезбедувањето на полската Влада, а вториот е член на персоналот на канцеларијата на премиерката, се наведува во американските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...