Европарламентот бара автоматска размена на банкарски податоци за следење на иматели на сметки во борбата против даночно затајување

Стразбур, 22 ноември 2016 (МИА) - По повеќето откриени афери и скандали за даночно затајување, вклучувајќи ги и последните од „Панама пајперс", Европскиот парламент ја поддржа позицијата на Комисијата и даде зелено светло, со 590 гласови „за“, 32 гласа „против“ и 64 „воздржани“, даночните власти во ЕУ автоматски споделуваат информации за носителите на банкарските сметки, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Новите одредби дозволуваат и ги принудуваат националните даночни власти одговорни за борбата и контролата на перењето на парите, автоматски, заедно со партнерите во другите земји-членки, да делат информации, како што се банкарски салда, приходи на интерес и дивиденди.

- Единствениот начин да се бориме против ова зло [даночно затајување] што влијае на јавните финансии, е можно само преку значителни напори во областа на транспарентноста" изјави европратеникот Емануел Морел (Франција), известувач во ЕП по ова прашање.

Врските помеѓу перењето пари и финансирањето на тероризмот, организираниот криминал и даночното затајување покажуваат дека е потребна соработка и потесна коориднација помеѓу земјите на ЕУ, се наведува во оваа резолуција.

Ажурирање на Директивата 2011/16 / ЕУ беше презентиран од страна на Европската комисија во јули 2016 година, а поддржана од страна на земјите-членки во септември. Гласањето на Парламентот сега овозможува влегување во сила на новата регулатива веднаш, што земјите-членки мора да го имплементираат до крајот на 2017 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...