Меркел ја губи Саксонија

Берлин, 22 ноември 2016 (МИА) - Доколку во германската покраина Саксонија утре се одржат парламентарни избори, актуелната покраинска коалиција на демохристијаните и социјалдемократите, која е на власт и во цела Германија, нема да може да формира влада, покажува анкетата на Централното германско радио (МДР).

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, околу една четвртина од испитаниците рекле дека на следните избори ќе гласаат за популистичката партија Алтернатива за Германија (АФД), што е пораст на популарноста за екстремните десничари, кои до пред два месеци во Саксонија имаа подддршка од околу 22 остто.

Членките на германската „црно-црвена“ или „голема коалиција“, Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) заедно имаат 46 отсто поддршка, што значи дека во оваа покраина ќе треба да се формира нова владина коалиција ако наскоро има избори.

ЦДУ сега има 34 отсто подршка, а на изборите во 2014 година имаше 38 проценти, додека за СПД би гласале 12 отсто, а  пред две години ја подджаа 13 проценти.

Според анкетата, секој втор граѓанин на Саксонија е незадоволен од Владата, а секој трет не верува дека која било партија би можела да ги реши важните прашања во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...