Британците очекуваа Велшанка да стане прва дама на Франција

Лондон, 22 ноември 2016 (МИА) - Британската јавност со голем интерес ја следи трката за избор на кандидати за претседателските избори во Франција во март 2017 година, потајно навивајќи во Елисејската Палата да влезе Франсоа Фијон.

Поранешниот француски премиер уверливо победи во првиот круг од прелиминарните избори на партијата Републиканци во неделата, оставајќи ги зад себе двајца фаворити - поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, кој отпадна од натамошната трка, како и ветеранот во домашната политика Ален Жипе.

Фијон (61) сега важи за главен фаворит за претседателски кандидат на француските Републиканци и има големи шанси да победи на изборите, но според лондонски „Тајмс“, тој е „фаворит“ и меѓу Британците, бидејќи преку него една Велшанка може да стане прва дама на Франција.

Тој веќе 36 години е оженет за Пенелопе, ќерка на велшки адвокат од малото место Лановер во јужен Велс.

Двајцата се запознале во Франција, додека Пенелопе била на студиски престој, а во 1980 година се венчале. Имаат пет деца.

- Моето семејство беше задоволно што се мажам за Французин, изјави Пенелопе Фијон (60) за „Тајмс“.

Таа открива дека подоцна нејзината помлада сестра исто така се вљубила во Французин, братот на Франсоа Фијон, за кого и се омажила.

- Веднаш потоа, татко ми им забрани на моите две, тогаш немажени сестри, да се доближат до кој било Французин, шеговито објаснува сопругата на најверојатниот кандидат на француските Републиканци за претседателските избори.

Весниците во Лондон забележуваат дека неговиот евенетуален избор за претседател, можеби нема да предизвика поголема промени во односите меѓу Велика Британија и Франција, ниту да помогне за полесен Брегзит, но барем на Британците ќе им донесе утеха дека по неколку векови одново некој од Островот е на францускиот врв, сега само како прва дама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...