Во Германија уапсен бегалец со материјал за изработка на бомби

Берлин, 25 ноември 2016 (МИА) - Германската полиција во градот Улм уапси 20-годишен Сириец, кој планирал да патува во Данска, при што со себе носел материјали за изработка на бомба.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, германската полиција се сомнева дека уапсениот сакал да изврши терористички напад во име на Исламската држава (ИД).

Според јавното обвинителство во Штудгарт, осомничениот терорист кој имал статус на бегалец, е поддржувач на џихадистичката фракција „Ахрар ал Шам“.

Истрагата утврдила дека тој планирал да изврши терористички напад во Данска, за што набавил материјал за изработка на бомба.

Подолго време живеел во центар за бегалци, а полицијата утврдила дека бил симпатизер на ИД, но нема докази дека бил во контакт со членови на оваа џихадистичка група во Германија или во други земји.

Според изјавата на обвинителството во Штудгарт, Сириецот не бил познат како закана за јавната безбедност.

Последниве два месеци германската полиција спроведе десетина акции за пронаоѓање на потенцијални терористи во земјата во кои се уапсени дваесетина лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...