„Таен документ“ открива дека Британија ќе излезе и од единствениот пазар

Лондон, 29 ноември 2016 (МИА) - Еден „таен документ“ на британската владина админстрација, напишан на рака, а снимен од фоторепортер и објавен во денешните лондонски весници, открива дека Велика Британија покрај излегувањето од ЕУ, ќе го напушти и единствениот европски пазар.

Наместо тоа, владата во Лондон, сака во преговорите за излез од ЕУ, односите на Велика Британија со Унијата да ги сведе на трговски договор, сличен на оној што недамна Брисел го потпиша со Канада.

Трговскиот договор ЕУ-Канада се подготвуваше седум години, а неговото потпишување за малку ќе пропаднеше поради неможноста да се добие согласност од Владата на Белгија, поради одбивањето на властите на регионот Валонија да го поддржат.

Од откриениот „таен документ“ се дознава и дека на него стои забелешката „го имате колачот, сега јадете го“, што е референца која и се припишува на премиерката Тереза Меј и нејзините ветувања до гласачите за тоа дека Владата ќе обезбеди „најдобар можен договор со ЕУ“.

Снимениот „документ“ всушност е работна верзија од меморандум, што советничка на пратеникот на владејачките конзервативци Марк Филд го носела во рака, со што му овозможиле на фоторепортерот да го сними што со јак телеобјектив.

Едната страница од „документот“ со деталите од текстот денеска се наоѓа на насловните страници на речиси сите британски весници.

Засега, не се знае кој е авторот на материјалот и дали советничката на пратеникот, Џулија Докерил е можеби таа која ги има „нафрлено“ со рака позициите за преговорите со ЕУ за потребите на Марк Филд, пред парламентарната расправа.

Повеќето весници се согласуваат дека сепак станува збор за „владина работна верзија“. Сите се согласуваат дека при тоа е направен крупен пропуст, затоа што еден ваков материјал се појави во јавноста, иако во него има работи за кои Владата тврди дека се тајна и нема да бидат обелоденети пред да почнат преговорите за Брегзит.

Британски експерти оценуваат дека доколку „канадскиот модел“ биде основата за преговарање околу идните односи со ЕУ, тогаш Велика Британија ќе го блокира доаѓањето на работна сила од Унијата, но ќе го жртвува лондонскиот финансиски центар Сити.

„Случајно откриената“ владина тајна доаѓа во исто време со изјавата на гувернерит на Европската централна банка, Марио Драги дека Брегзитот и излегувањето на Велика Британија од ЕУ, повеќе ќе им наштетат на Британците, отколку на земјите од еврозоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...