ЕУ постигна договор за укинување на визите за Косово, Грузија и Украина

Брисел, 8 декември 2016 (МИА) - Советот на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа согласност за механизмот, со кој би се овозможило суспендирање на безвизниот режим во случај на потреба, а што беше неопходно да се донесе, пред да се овозможи укинувањето на визите за Косово, Грузија и Украина, изјави анонимен претставник на Советот на ЕУ, јави ТАСС.

По преговорите, кои траеја цела ноќ изутрината беше постигната спогодба со која што се става крај на внатрешните спорови во ЕУ поради кои досега беше блокирано воведувањето безвизен режим за граѓаните на овие три земји.

- Одлуката сега треба да биде одобрена на седница на Европскиот парламент, додаде претставникот на Советот на ЕУ. 

- Ова е урамнотежен договор исклучително важен за ефикасноста и веродостојноста на политиката за визна либерализација на ЕУ. Сегашнииот суспензивен механизам не е соодветен и сега ќе биде подобрен, изјави словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинак.

Тој додаде дека договорот ги отвора вратите за натамошен напредок во однос на визната либерализација со земјите, кои ги исполниле потребните услови. 

Се уште не е објавено кога точно ќе бидат укинати визите за Косово, Грузија и Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...