Најмалку 29 мртви и 166 ранети во синоќешните експлозии во Истанбул

Дваесет и девет лица се мртви, а 166 се ранети во двете синоќешни последователни експлозии во центарот на Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Министерот соопшти дека цел на нападите биле полицајци, а дека сите, освен двајца погинати, биле припадници на полицијата.

Десет лица се уапсени врз основа на податоците на детонираното возило, пренесуваат агенциите.

-Прво експлодирала автомобил-бомбата, а една минута подоцна се разнел бомбашот самоубиец, кажа министерот Сојлу, пренесуваат британските медиуми.

Според него, 17 повредени се наоѓаат во операциските сали, а уште шестмина се на интензивна нега.

Заменик премиерот Нуман Куртумлуш изјави дека бомбашот самоубиец се разнел 45 секунди по експлозијата на автомобил бомбата.

Самоубиствениот напад е изведен во парк во близина на стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ, додека автомобил бомбата експлодирала пред стадионот, рече Сојлу, нарекувајќи го нападот „безобзирна завера“.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во Истанбул е извршен терористички напад и дека целта на напаѓачите била да се предизвикаат што поголем број жртви.

Турската ТВ станица НТВ наведе дека по експлозијата безбедносните сили детонирале сомнителен пакет пред стадионот.

Цел на нападот бил автобус со припадници на полицијата за разбивање на демонстрации, пренесоа турските медиуми.

Експлозиите одекнале два часа по завршувањето на натпреварот меѓу Бешикташ и Бурсаспор, а клубот соопшти дека никој од неговите навивачи не е повреден. Во тоа време навивачите веќе биле заминати од стадионот.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...