По смртта на новороденче, Франција го суспендира лекот „Увестерол Д“

Париз, 4 јануари 2017 (МИА) - Францсукиот министер за здравство Марисол Турен денеска соопшти дека е суспендирано натамошното користењето на лекот „Увестерол Д“, како „мерка на претпазливост“ по смртта на едно новороденче на 21 декември, јави дописникот на МИА од Париз.
- Резултатите од испитувањата покажуваат веројатна поврзаност меѓу смртта на новороденчето и примањето на „Увестерол Д“, се вели во соопштението француската Агенција за безбедност на лековите и здраствените производи.
Според Агенцијата, и покрај мерките за намалување на ризикот, кој се воведени од 2006 година за да се направи посигурна употребата на лекот, донесена е одлука за прекин на продажбата на „Увестерол Д“ во наредните денови.
Доенче на возраст од десет дена почина на 21 декември, по добивање на доза на „Увестерол Д“, лек кој се користи поради многу честата појава на недостаток на витаминот Д.
- Сакам да ги убедам родителите дека ако им го дадат витаминот Д на своите деца во каква било друга форма, тие не се во опасност. Суспензијата се однесува само на „Увесетерол Д“, а не на други лекови со витамин Д. изјави Турен.
Во изминатите 11 години, официјални лица во повеќе наврати предупредуваа на опасноста од овај лек, од како беа пријавени по десетина случаи секоја година за проблеми при негово давање на доенчиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...