Монетарната политиката на ЕЦБ ги чини германските штедачи 36 милијарди евра годишно

Берлин, 5 јануари 2017 (МИА) - Германските економисти бараат од Европската централна банка (ЕЦБ) да ги зголеми каматите, откако во еврозоната беше забележан повисок раст на цените во декември од очекуваниот, јави дописникот на МИА од Берлин.
- Време е за нормализација на монетарната политика. Сега е можна промената на каматите, изјави директорот на германската „ДЗ Банк“, Штефан Биен Мајер,
Со бизнисмените се согласува и науката. Првиот човек на Институтот за економски истражувања од Берлин, Марсел Фрацер вели дека „колку побрзо ниво на инфлација го достигне нивото од два отсто, толку побрзо ЕЦБ ќе може да ги покачи каматните стапки.
Предходно и претставничката на економскиот панел, што ја советува германската канцеларака Ангела Меркел, Изабел Шнабел најави дека може да дојде до промена на монетарната политика во Германија и ЕУ.
Цените на прозиводите за широка потрошувачка во Германија во декември пораснаа за 1,7 отсто. што е највисоко ниво на раст во последниве три години. Во 2017 година нивото на инфлација во земјата се очекува да се искачи на 1,5 проценти, што е за речиси три пати повеќе од минатата година.
Доколку шефот на ЕЦБ, Италијанецот Марио Драги ги одбие барањата од Германија и не ја зголеми каматната стапка во еврозоната, која сега изнесува 0,25 отсто, се очекува германските штедачи само во текот на 2017 година да загубат околу 36 милијарди евра на име на камати на штедни влогови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...