Германски министер бара електронски лисици за потенцијалните терористи

Берлин, 9 јануари 2017 (МИА) - Електронски бразлетни околу глуждот е една од мерките што ги разгледува германскиот министер за правда Хајко Мас, со цел Германија да спречи терористички напади во иднина.
Мас, како што јави дописникот на МИА од Берлин, потврди дека се разгледуваат низа мерки за превенирање на тероризамор, кои би се споведувале дури и ако осомничените не се осудени за криминал.
Меѓу мерките што сега се само предлози е и притворање без судење, во случаи кога матичните земји нема да сакаат да ги преземат одбиените азиланти.
На оваа тема Мас денеска разговара со претставници на полицијата и на други министерства, а за утре е најавена средба со министерот за внатрешни работи Томас де Мазиер.
- Мора да направиме се за да ги имаме под контрола потенцијалните опасни индивидуалци кои се идентификувани од страна на службите како опасност за јавниот ред и мир. Затоа употребата на електронските лисици не смее да биде табу тема, вели Мас.
Во Германија живеат речиси 600 луѓе кои се сметаат за високо ризични а државата нема ресурси за сите да ги мониторира 24 часа на ден.
Според актуелното законодавство, употребата на направи за електронско следење е дозволена само за лица кои биле осудени или се ослободени од притовр со кауција. Законот што ги регулира беше променет по минатогодишните напади од страна на поддржувачи на ИД, но тој се уште не дозволува луѓе кои не се осудени да бидат елекронски следени.
Министерот за правда сега бара законот да дозволи полицијата да задржи осомничени индивидуалци кои се закана за јавната безбедност, дури и ако нема директни докази дека тие учествувале во подготовка на напади.
Доколку Германија имаше можност да затвори осомничени опасни луѓе кои требало да бидат депортирани од земјата, немаше да се случи терористичкиот напад во Берлин во кој загинаа 12 луѓе, смета Мас, кој бара притвор за сите одбиени опасни осомничени чии земји не сакаат да ги прифатат назад.
Тунижанецот Анис Амри, кој го изврши нападот на божиќниот панаѓур во Берлин бил ослободен од депортациски притвор затоа што Тунис одбил да го прими од Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...