Франција се соочува со поголема епидемијата од грип од очекуваната

Француската министерка за здравство Мари-Сол Турен денеска на прес-конференција изјави дека состојбата со епидемијата на грип во Франција ќе биде „најверојатно потешка“ од оечкувањата, нагалaсувајќи дека 142 од вкупно 850 француски болници се соочуваат со преоптовареност поради епидемија.

Соочувајќи се со феноменот на „рана" и „интензивна" епидемија, министерката за здравство ги повика сите јавни и приватни болници да ги преразгледаат операциите и пружањето болничка медицинска нега за да се ослободат кревети за заболените од грип, од кој годинава најпогодени се лицата на возраст од над 65 години, јави дописникот на МИА од Париз.

Загриженоста на француските здравствени власти е фактот што епидемијата оди по нагорна линија и се уште не е забележан нејзиниот врв.

До денеска се забележани 398 консултации на 100.000 граѓани поради синдром на грип. Тоа претставува 13 отсто од консултациите на СОС Доктори и збирно, нешто помалку од 6.000 поминување преку ургентните служби на болниците, од кои во 1.035 случаи имало хоспитализација. До денеска беа пријавени 381 сериозни случаи за кои е потребна интензивна нега во болница.

Сепак, врз основа на владините агенции, сезона на грипот 2016-2017 изгледа деликатна со враќањето на вирусот од тип А (Х3Н2), близок до вирусот кој пред две години предизвика зголемена смртност со околу 18.000 луѓе. Но за разлика од зимата 2014/2015, вакцината оваа година е многу подобро прилагодена на вирусот.

Почетокот на епидемијата беше одбележан со смртта на 13 лица, сите во ист пензионерски дом во Лион. Бројот на пријавените жаришта на грип на постари лица во домови е зголемен во последните две недели, во споредба со претходните недели, информира надзорниот орган, со што се потврдува потребата од особено внимание во овие пензионерски домови.

Региони Оверњ-Рона-Алпи и Ил де Франс (парискиот регион) во моментов се најмногу погодени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две баби муабетат:
- Магдо мори, шо праиш?
- Мори, шо да праам?
- Е, шо ќе праиш.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација...
Верски календар
На денешен ден
1846.- САД го анектираа Ново Мексико.
1862.- Во Сен Жермен-ан Леи е роден Клод Дебиси,...
1883.- Во Париз умре Иван Сергеевич Тургенев,...
1911.- Прочуеното дело на Леонардо да Винчи,...