Огромен пад на бројот на баратели на азил лани во Германија

Берлин, 11 јануари 2017 (МИА) - Германија во 2016 година примила околу 280 илјади нови баратели на азил, што е помалку за една третина од бројот на мигранти што побараа заштите во земјата во 2015 година, кога државата прими 890 илјади бегалци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Томас де Мазиер.
Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, за разлика од бројот на нови азиланти кои балгодарение на затворање на балканската рута и договорот ЕУ - Турција е во драматичен пад, расте бројот на депортирани мигранти чии барања за азил се одбиени од германските власти.
Миннистерот Де Мазиер не е задоволен од цифрата од 80 илјади луѓе коишто присилно или доброволно биле вратени во матичните земји откако нивните барања за азил биле одбиени.
Според податоците објавени денеска, лани во Германија биле поднесени над 745 илјади барања за азил, но речиси две третини од нив во земјата влегле во 2015 година. Според државите од каде што доаѓаат азилантите најголем број од тие што ги прими Германија од почетокот на бегалската криза се од Сирија, (околу 290 илјади), Авганистан (127 илјади) и Ирак (околу 98 илјади).
Речиси 60 проценти од сите барања за азил се одговорени позитивно по што барателите добиле целосна или делумна заштита согласно германските закони и меѓународните стандарди. Драстичното намалување на нови бегалци во Германија значително ќе ја олесни позицијата на владата во Берлин која се соочува со внатре-владино барање за горна граница за прием на максимални 200 илјади луѓе годишно и обвинувања од крајната десница дека мигрантите можат да ја сменат демографската состојба во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...