Уапсени двајца осомничени за поврзаност со нападите во Париз и Брисел

Брисел, 12 јануари 2017 (МИА) - Белгиската полиција синоќа во бриселското предградие Лакен уапси две лица под сомнеж дека се поврзани со терориситчките напади во Париз во ноември 2015 година.
Според електронското издание на весникот „Дерниер Јор“, полицијата привела маж и жена, кои покрај за врски со нападите во Париз, се осомничени и дека им пружиле логистичка поддршка на браќата Бакрави, кои се разнесоа на аеродромот и на една метро станица во Брисел во март минатата година.
- Жената со иницијали М.Б. и нејзиниот пријател Фарад К. одржувале врски со некои терористи во времето кога по нив се трагаше од двете страни на (белгиско-француската) граница, во периодот меѓу нападите во Париз и Брисел, наведува весникот.
За време на акцијата за проведување на двајцата осомничени, белгиските полицајци биле придружувани од припадници на француската полиција и судијка од Париз.
При нападите во Париз на 13 ноември 2015 година беа убиени 130 лица, а во Брисел - 32.
Истрагата покажа дека двата напади биле извршени од членови на една иста исламистичка група, која десјствува на териториите на Франција и Белгија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Милка ја прашува сосетката:
-Зошто Вие ја запишавте својата ќерка на Филозофски факултет?
-Па ете, кога ке се омажи и кога ќе почне да готви даима на што да мисли
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в. Острово, ќе се одвива по дел од новиот автопат...
Верски календар
На денешен ден
1824.- Роден е Вилијам Томсон Келвин, англиски...
1892.- Родена е Перл Бак, американска писателка....
1945.- Во Сан Франциско, во САД, претставници на...
1992.- Во Скопје е формирана Македонската...