Протести во Русија поради враќање на Црквата Свети Исак на Руската православна црква

Санкт Петербург, 12 јануари 2017 (МИА) – Повеќе од 100 илјади луѓе потпишаа петиција против одлуката на властите во Санкт Петербург да ја вратат познататата Црква Свети Исак (Исакиевски собор), најголема православна црква во Русија, под управа на Руската православна црква.
Одлуката за враќање на православниот храм, кој во време на Советскиот Сојуз е претводен во музеј, градските власти ја соопштија синоќа, а петиција за укинување покрена локалната опозиција.
Медиумите наведуваат дека „Исакиевски собор“ лани го посетиле речиси 4 милиони луѓе и градот од тоа заработил повеќе од 12 милиони евра.
Руската црква во 2015 година побара од властите да и го вратат Исакиевски собор, но барањето беше одбиено.
Црквата посветена на свети Исак Далматински градена е по проект на француски архитект од 1818 до 1858. Во царска Русија имал статус на главна црква во државата.
Храмот за време на советската епоха е претворен во музеј. Верски установи во 90-те години од минатиот век со одобрување од уравата на музејот го користеле за одбележување големи верски празници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...