Продложува „окупацијата“ на полскиот Парламент од страна на опозицијата

Варшава, 12 јануари 2017 (МИА) - Претставниците на владиниото мнозинство и на опозицијата во полскиот Парламент, на состанокот што траеше до доцна синоќа, не постигнаа договор за прекин на „окупацијата“ на собраниската сала на Долниот парламентарен дом, што ја почнаа група опозициски пратеници на 16 декември минатата година.
Опозициските пратеници се решија на ваков потег, поради според нив, недемократските и незаконским одлуки на мнозинството во Парламентот, кое го има владејачката конзервативна популистичка партија Право и правда (ПиС).
Директен повод за почетокот на „окупацијата“ на собраниската сала од страна на 30-тина опозицикси пратеници, беше одлуката на владиното мнозинство да го ограничи пристапот на новинарите во Парламнетот.
Лидерот на ПиС, Јарослав Качињски ја обвини опозицијата за „недемократско“ и „незаконско“ однесување, истакнувајќи дека сите одлуки што ги донела неговата партија се базираат на важечкото полско законодсвство.
Додека траеја преговорите за деболкирање на салата на Долниот дом, Горниот дом на Парламентот, Сенатот, во кој ПиС исто така има мнозинство, вчера го усвои Буџетот за 2017 година, на чие донесување опозицијата остри се противи, што се очекува дополнително да ја продлабочи досега најголемата политичка криза во Полска од обновата на демократијата пред 27 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...