Снежна бура предизвика хаос во Германија

Берлин, 13 јануари 2017 (МИА) - Снежната бура „Егон“ предизвика смрт на едно лице, илјадници луѓе останаа без струја, а од германските аеродроми се откажани стотици летови.
Бурата, која се движи од запад коn источниот дел на Германија и до крајот на денов треба да замине во Полска, предизвика прекин на неколку патни правци поради силниот ветер кој корне дрвја во повеќе региони на земјата, јавува дописникот на МИА од Берлин. Голем број на улици во покраините Баварија и Туринген се блокирани од паднати дрвја или заглавени камиони и автобуси. Во прекин е и наставата во голем брј градови поради неможноста учениците да се транпспортираат во училиштата. Во баварскиот град Кирхентумбаг училишен автобус бил турнат од ветрот во канал покрај патот, но ниеден ученик не е повреден.
Како резултат на лизгавиот коловоз предизвикан од бурата „Егон“ еден возач денеска починал на автопатот 7 на север од покраината Шлезвиг - Холштајн, објави германската полиција.
Само од аеродромите во Франкфурт , Лајпциг и Дрезден откажани се 250 лета а на многу други аеродроми доцнењата се по неколку часа.
Во регионот Горна Франконија во покраината Баварија околу 6.600 дома'инства со часови се без електрична енергија.
Бурата „Егон“ предизвика блокада на скијачи во баварските Алпи каде што ветерот ги искинал електричните кабли и ски-лифтовите.
Германската метеоролошка служба денеска ги предупредува граѓаните дека снежната наметка може да достигне висина од 30 сантиметри за неколку часа, поради што треба да се откажат сите патувања кои што не се неопходни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...