Во Шпанија уапсени три лица поради врски со исламисти

Мадрид, 14 јануари 2017 (МИА) - Шпанската полиција уапси три лица осомничени за врски со воинствени исламистички организации, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи, пренесува БТА.

Две лица се уапсени во северноафриканската шпански енклава Сеута, а третиот - во северниот град Фигерас.

Двајцата уапсени во Сеута поминале долг процес на радикализација и основале група која достигнала напредна фаза во подготовката на терористички напад.

Шпанската полиција открила пиштол и три неогнестрелни оружје при претресот на шест згради во Сеута, која се наоѓа меѓу Мароко и Медитеранот.

Подоцна Министерството соопшти дека во Фигерас е уапсен Мароканец со холандски документи, кој е осомничен член на „Исламска држава" и најверојатно се вратил пред неколку дена во Шпанија, по престој во зона на конфликт.

Откако беше зголемен степенот на закана за безбедноста во 2015 година, во Шпанија уапсени се 181 лице, обвинети за врски со исламистички групи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...