Пад на акциите на германските автопроизводители по заканите од Трамп

Берлин, 16 јануари 2017 (МИА) - Акциите на германските автопроизводители Бе-Ем-Ве, „Дајмлер“ и „Фолксаваген“ денеска доживеаа пад на берзите, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе царина во висина од 35 отсто за возила од странство што ќе се продаваат во САД.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, акциите на Бе-Ем-Ве на Берзата во Франкфурт паднаа за 0,85 отсто, на „Дајмлер“ за 1,54 проценти, а на „Фолсваген“ за 1,07 отсто,
Сите три производители во последниве години отворија нови фабрики во Мексико, каде што цената на производство е помала, а возилата ги продаваат во САД. Компаниите „Дајмлер“ и Бе-Ем-Ве имаат свои фабрики и во САД, каде што произведуваат моноволуменски, спортски и луксузни возила.
Во интревју за весникот „Билд“, Трамп предупреди дека дека доколку германските компании не отворат фабрики во САД, ќе се соочат со високи давачки при увозот на нивните производи, со цел да се заштитат американските стоки.
Според Трамп, во трговијата на автомобили меѓу двете земји, нема реципроцитет затоа што „Мерцедес“ може често да се види во Њујорк, но во Германија „Шевролет“ не се продава на исто ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...