Меркел го прочитала интервјуто на Трамп, Германија очекува соработка со САД

Берлин, 16 јануари 2017 (МИА) - Портпаролот на Владата во Берлин Штефан Зајберт денеска на редовна прес-конференција изјави дека германската канцеларка Ангела Меркел со интерес го прочитала интервјуто на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за германскиот весник „Билд“, во кое тој им се заканува на германски фирми со воведување на царини.
Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, Зајберт одби да коментира за детали во врска со позициите на Трамп дадени во интервјуто, најавувајќи дека Германија има за цел да остварува блиска соработка со новата американска администрација.
- Ќе видиме каква ќе биде американската политика по инаугурацијата на претседателот Трамп в петок, изјави Зајберт во Берлин.
Претходно, осуда за заканите на Трамп за германските компании, за најавата за укинувањето на санкциите кон Русија и улогата на НАТО искажаа министрите за надворешни работи и Финансии Франк-Валтер Штајнмаер и Волфганг Шојбле, како и вицеканцеларот и министер за економија Зигмар Габриел.
Во интервјуто Трамп рече дека ја почитува Меркел како еден од најголемите политичари на светот, но и дека таа направила катастрофална грешка со приeмот на околу еден милиони илегални мигранти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...