Во Париз воведен систем на задолжителна ознака за возилото во зависност колку загадува

Париз, 16 јануари 2017 (МИА) – Од денеска сите моторни превозни средства во Париз, дури и тие со странски регистерски таблички, ќе треба да имаат ознака (вињета/налепница) со различна боја во зависност од тоа колку моторното возило загадува.
Париз е првиот град во Франција каде се воведува таква мерка за борба против загадувањето. Целта е да се запре движењето на автомобилите што најмногу загадуваат.
Бојата варира од зелена (нулта емисија на штетни гасови) преку виолетова боја (Еуро 5/6) до сива (Евро 2 дизел). Париз постави цел да се намали за половина бројот на автомобили и да забрани користење дизел возила до 2020 година.
Во „пиковите“ на загадување се воведува диференцирано движење – автомобилите што најмногу загадуваат остануваат во гаражи, а останатите ќе може да се движат. Министерството за заштита на животната средина побарало 2,5 милиони вињети, а казните се меѓу 68 и 135 евра. Во Париз секој ден се движат околу 600.000 моторни превозни средства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...