АИ: Новите антитерористички закони во Европа се дискриминирачки

Лондон, 17 јануари 2017 (МИА) - Низата нови антитерористички закони ширум Европа ги дискриминираат муслиманите и бегалците, ширејќи страв и отуѓеност, соопшти денеска меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“ (АИ).
Во денеска објавениот извештај на АИ се алармира поради безбедносните мерки кои се усвоени во последните две години во 14 земји-членки на ЕУ, вклучително проширените надзорни овластувања.
Во тој период, во екстремистички напади убиени се околу 280 луѓе во Франција, Белгија и Германија, а за нападите одговорноста воглавно ја презеде Исламска држава. Нападите ги зголемија тензиите поради имиграцијата, но и порасна популарноста на десничарските партии, а безбедноста стана клучна тема за претстојните избори во Франција, во Холандија и во Германија.
- Ширум регионалниот простор на ЕУ гледаме како муслиманите и странците се изедначуваат со терористите. Таквите стереотипи несразмерно ги погодуваат тие заедници, да меѓу нив постои висок степен на страв и отуѓеност, изјави Џулија Хол, експерт на АИ за антитероризам и авторка на извештајот.
Таа предупредува дека „драконските“ надзорни мерки и овластувања за истрага, притвор и апсење како тие што се воведени во Франција од ноември 2015 година, кога при напади беа убиени 130 луѓе, би можеле да бидат злоупотребени против активистите или малцинските групи кои не претставуваат вистинска закана.
АИ тврди дека новите мерки против глорифицирање или пропагирање на тероризмот го намалуваат просторот на слобода на изразување, додавајќи оти во Франција во 2016 година малолетниците биле една третина од над 280 лица кои биле гонети поради заговарање на тероризам.
Меѓународната организација за заштита на човековите права ја осуди „орвеловската“ злоупотреба на полицискиот час, ограничувањето за патување и полициските проверки над поединци кои не се осудени за злосторства и често не знаат зошто се обвинети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...