Лавров: Европски лидери отворено се мешаа во американската претседателска кампања

Москва, 18 јануари 2017 (МИА) - Лидерите на земјите-сојузници на САД отворено се мешаа во американската претседателска кампања, а обвинувањата во таа смисла против Русија се клевета, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Оваа изјава ја даде на прес-конференција по разговорот со австрискиот колега Себастијан Курц, актуелен претседавач со ОБСЕ, пренесе ТАСС.
- Се уште се упатуваат празни, безпредметни, и би рекол, клеветнички обвинувања, изјави Лавров.
- Цинизмот на ситуацијата е во тоа што нас не обвинуваат оние кои сами најактивно се мешаа во изборната кампања, потенцира рускиот дипломат.
- За разлика од нас, цела низа лидери на земји-сојузници на САД отворено агитираа за Хилари Клинтон. Тоа активно го правеа и Ангела Меркел, и Франсоа Оланд, и Тереза ​​Меј, и други лидери на европски држави. Истовремено, официјални претставници на европски земји без задршка го демонизираа Доналд Трамп, додаде Сергеј Лавров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...