Јункер: Првпат во европската историја држави од ЕУ не применија усвоени одлуки

Брисел, 18 јануари 2017 (МИА) - По првпат во европската историја држави од ЕУ не применија веќе донесени одлуки, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер пред Европскиот парламент, јави БТА.
Тој го критикуваше однесувањето на некои земји од ЕУ, кои не ги почитуваа воведените квоти за мигрантите.
- Треба да докажеме дека без ЕУ, ниту една држава нема да се справи сама со економијата, невработеноста, миграцијата и тероризмот. Нека не се мешаат темите за миграцијата со тероризмот. Треба да знаеме кога терористи ги минуваат нашите граници, посочи Јункер.
Тој изрази очекување новата агенција на ЕУ за азил да проработи набрзо како европската гранична служба.
- Официјално повикувам да ги завршиме промените во регулативата од Даблин до јули, изјави претседателот на ЕК.
Јункер додаде дека вчерашната изјава на британскиот премиер Тереза ​​Меј за намерите на Лондон по претстојните преговори со ЕУ за прекин на досегашните односи, не е активирање на вистинската постапка. Тој истакна дека откако Велика Британија официјално ќе поднесе барање за напуштање на ЕУ, се предвидува рок од две години за преговори.
- Често нашите дилеми и разлики одат во корист на екстремистите и еврофобите. Се надевам дека оваа година младите ќе погледнат кон Европа, изјави Јункер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...