Пазарот за свеж зеленчук е во колапс, поради временски неприлики загрозена бербата за 2017

Мадрид, 18 јануари 2017 (МИА) – Комбинацијата од поплави и студ во Шпанија и Италија го потресуваат пазарот на свеж зеленчук во Европа поттикнувајќи понатамошен раст на ионака скапите производи.
- Поради поплави во Мурсија, југоисточен регион на Шпанија, во комбинација со студ во Италија, многу градинарски култури како што се зелената салата и брокулите се речиси уништени. Пиперките и модриот домат исто така, изјави за Би-Би-Си, Тим О'Мали, генерален директор на Нашнвајд Продјус, најголем британски дистрибутер за свежо зеленчук.
Мурсија која според проценки произведува 80 отсто свежи производи за европскиот пазар во текот на зимските месеци, неодамна беше погодена од поплави какви немало во изминатите 30 години.
– Ситуацијата е толку лоша што некои се приморани да увезуваат салата од САД, што досега е незабележан случај, додава О’Мали. Според него,и Италија која обично во овој период од годината извезува зеленчук, овие денови мора да го увезува.
Проблемите на пазарот посебно ги загрижува државите од северна Европа како Британија која увезува 50 отсто зеленчук и 90 отсто овошје.
– Тоа ќе влијае на цените и достапноста на зелечокот, вели О’Мали и тврди декаво опасност се и културите за берба во 2017 година што се засадени во декември.
– Ваков развој на случувањата на пазарот е без преседан..Има драматична штета не само во Мурсија туку и во Андалузија и Валенсија. А, на сето тоа се надворзаа и снежните врнежи во Италија, вели Филип Бинард од европското Здужение на производители на свеж зеленчук со седиште во Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...