Австриец налик на Хитлер уапсен за глорификација на нацизмот

Виена,14 февруари 2017 (МИА) - Еден 25-годишен Австриец, целосно налик на нацистичкиот лидер од Втората светска војна Адолф Хитлер, бил уапсен и обвинет за „глорификација на времето на нацизмот“ - соопшти австриската полиција.

Човекот се нарекувал себе си Харалд Хитлер.
Облечен во темен костум и со препознатите хитлеровски мустаци, човекот бил виден како се фотографира пред зградата во местото Браунау ам Ин, во близината на германската граница, во која инаку е роден нацистичкиот лидер.

Човекот се обидел да побегне од полицијата, но бил фатен и уапсен.

Глорификацијата на нацизмот, во кој било облик, претставува кривично дело во Австрија.

Претставник на локалната полиција изјави дека уапсениот не се шегувал, ниту дека бил дел од некаков уметнички перфоманс.

- Тој многу добро знаеше што прави и за што станува збор, изјави претставник за локалните медиуми.

Австриските весници пишуваат дека претходно, тој бил виден и во Виена и во Грац.

Хитлер е роден во Австрија, но во 1913 година, како 24-годишник, се преселил во соседна Германија.

Австриските власти, во октомври минатата година соопштија дека целосно ќе ја урнат неговата родна куќа за да не се претвори во „светилиште“ за неонацистите, онака како што зградата се третирала во времето на нацизмот, од пред осумдесетина години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...