Кремљ ги отфрла тврдењата за контакти со изборниот штаб на Трамп во 2016

Москва, 15 февруари 2017 (МИА) - Москва целосно ги отфрла информациите за контакти помеѓу изборниот штаб на Доналд Трамп и претставници на руските разузнавачки служби за време на претседателската кампања во САД, јави ТАСС.
- Ајде да не веруваме на новинарски писанија, оти моментно е многу тешко да се одвои вистината од фалсификатите. Во тие написи има пет различни извори, но ниту еден од нив всушност не е именуван, односно тоа веќе просто станува смешно. Доколку има каква било информација за тоа, ќе дојде време и некој ќе го каже тоа отворено, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Весникот „Њујорк Тајмс", цитирајќи четири сегашни и поранешни официјални претставници на САД, објави дека лани имало телефонски разговори меѓу членови на штабот на Трамп со високопоставени руски разузнавачи, за време на предизборната кампања.
Руската Служба за надворешно разузнавање исто така изјави дека нема да коментира „медиумски измислици без докази".
- Русија се придржува кон своите меѓународни обврски за ракетните договори, додаде Песков, негирајќи ги тврдењата во „Њујорк Тајмс", дека Русија врши тајни проби на ракета ССЦ-8, нарушувајќи го на тој начин Договорот за нуклеарните сили од 1987 година.
На прашање - како ќе влијае изјавата на Белата куќа, дека САД очекуваат Русија да го врати Крим, на односите Москва - Вашингтон, портпаролот на Кремљ рече дека „Русија нема да ја разгледува темата за Крим, вклучително и со САД“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...