НАТО го зголемува своето присуство во Црното Море

Брисел, 16 февруари 2017 (МИА) - Министрите за одбрана од земјите - членки на НАТО денеска одлучија да биде зголемено присуството на Алијансата во Црното Море, изјави на прес-конференција генералниот секретар на Пактот Јенс Столтенберг.
Одговарајќи на прашања, тој појасни дека поголемото присуство на НАТО ќе значи и поголем број воени вежби и други активности на сојузниците, јави бугарската новинска агенција БТА.
- Сето тоа е во согласност со меѓународните стандарди и обврски кои сме ги презеле. Одлуката има одбранбен карактер. На ниеден начин ова не цели кон предизвикување судири или затегнување на односите, туку тоа го налага актуелната ситуација, нагласи генералниот секретар.
- Не сакаме нова студена војна, сакаме дијалог со Русија заснован на принципи. Неопходно е почитување на територијалната целовитост на државите во Европа, истакна Столтенберг, дополнувајќи дека цел на Алијансата се поконструктивни односи со Москва.
Генералниот секретар ја оквалификува вчерашната изјава на министерот за одбрана на САД Џејмс Матис за зголемувањето на воените трошоци во Алијансата како „цврсто порака" што сите други министри ја разбрале и поддржале.
- Американските даночни обврзници веќе не можат да даваат нерамномерен удел во одбрана на западните вредности, им порача вчера Матис на колегите во седиштето на НАТО во Брисел.
Тој наведе дека САД ќе ги исполнат своите обврски, но сојузниците од НАТО мора да дадат поддршка за заедничката одбрана „доколку не сакаат САД да ја намали својата посветеност на Алијансата“.
- Оваа порака ја одразува политичката реалност во САД, истакна Столтенберг. Членот 5 од Вашингтонскиот договор е безусловен, тој е суштината на Алијансата, додаде генералниот секретар.
Столтенберг говореше и за мерките на кибер заштита во државите од Алијансата. Тој појасни дека министрите за одбрана утрово донеле решенија за дополнително зајакнување на кибер заштитата на земјите од Пактот и на Силите за брза реакција.
Што се однесува на распоредувањето војска во Полска, Столтенберг потенцираше дека испраќањето на НАТО војници во оваа и во балтичките држави е „јасен знак кон секој потенцијален агресор".
- Нема да се натпреваруваме со Русија - тенк против тенк и војник против војник. Целта не е да провоцираме, туку да спречиме конфликт, појасни генералниот секретар на Алијансата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си биле Трпе и Лео и живееле во Струга. Паднале големи дождови, се излил Црн Дрим и почнал да поплавува. Трпе живеел на 3 спрат, а водата стигнала до 2. Доаѓа Лео со чамец пред...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица -...
Верски календар
На Запад монаштвото се развило многу подоцна отколку на Истокот, а со право за негов основач се смета свети Бенедикт. Овој се родил во 480 година во италијанскиот град Нурсија....
На денешен ден
- Меѓународен ден на театрите
- Ден на здравственото воспитание на Македонија
1625.- Умре британскиот крал од шкотско потекло...
1703.- Рускиот цар Петар Велики, на утоката на...