Меркел и Трудо согласни за слободната трговија...

Берлин, 17 февруари 2017 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Мерлел денеска потврди дека нејзината земја ќе продолжи со напорите за постигнување на целта на НАТО, секоја земја членка да одвојува по 2 отсто од националниот доход.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, за време на прес-конференцијата со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој е во посета на Германија, Меркел изјави дека Германија ќе ги исполни своите обврски кон алијансата.
- Во 2014 година во Велс, Германија ја поддржа одлуката да се достигне целта од два отсто во наредната деценија и таа обврска не е променета, тоа значи дека ние се уште планираме да одиме по тој пат, изјави Меркел по средбата со Трудо.
За време на изборната кампања, но и по негвиот избор, претседателот на САД, Доналд Трамп ги обвини сојузниците во НАТО дека не го плаќаат својот дел од трошците за Алијансата, а во интервју за весникот „Билд“ Пактот го нарече „застарен“.
За разлика од Германија, која не ги одбива барањата на САД за покривање на поголеми трошоци на НАТО, Канада пред посетата на канадскиот премиер на Берлин најави дека е задоволна со 0,99 отсто колку што одвојува за операциите на војниците на Алијансата.
Во моментов Германија одвојува околу 1,2 проценти од својот национален доход за одбраната.
За разлика од различните позиции за НАТО, Меркел и Трудо имаат заеднички став за зголемувањето на меѓународната трговија во услови кога на светот му се закануваат трговски војни по најавите на Вашингтон за ревидирање на неколку мултилатерални трговски договори.
Според Трудо, кого германските весници пред посетата го најавија како најсексипилниот жив политичар, и Канада и Германија имаат полза од договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Отава.
Дајцата лидери разговарале и за конфликтот во источна Украина и за глобалните климатски промени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...