„Гардијан“: Без договор со ЕУ Британија ќе губи по шест милијарди фунти

Лондон, 21 февруари 2017 (МИА) - Британскиот извоз секоја година ќе трпи загуба од по најмалку шест милијарди фунти, доколку Лондон не обезбеди договор за трговија со ЕУ, предупредува лондонски „Гардијан„ повикувајќи се на опсежна стручна анализа за последиците по земјата по напуштањето на Унијата.
Весникот забележува дека во кругот на острите „брегзитери“, кои настојуваат да ја натераат Владата на премиерката Тереза Меј да не прави компромиси со Брисел и дека за Велика Британија е најдобро целосно да се исклучи од ЕУ, се тврди дека надоброто за земјата е да остане сама во рамки на Светската трговска организација (ВТО).
Таквата заложба, според овој весник е „мошне опасна“ пред се за британските извозници. чиј извоз ке се најде во понеповолна ситуација од другите и ќе им носи екстра трошоци од најмалку шест милијарди секоја година.
Предупредувањето доаѓа на околу пет недели пред стартот на формалните преговори за истапување на Велика Британија од ЕУ и во време кога во Горниот дом на британскиот Парламент, Домот на лордовите, се води дебата за предлог-законот за Брегзит, што Владата им го понуди за усвојување на пратениците.
Најверојатно, лордовите нема да го попречат почетокот на преговорите, особено што главната опозициска Лабуристичка партија ја поддржува Владата да почне преговори за Брегзит, но десницата во редовите на владејачката Конзервативна партија и антиевропските и антиимигрантските весници, продолжуваат со пресметката со ЕУ и со сите политичари во Велика Британија кои не мислат како нив.
Во изјавите на политичари од разни земји на ЕУ за „Гардијан“ доминира нездоволството од потезите на британската Влада пред покренувањето на член 50 и од создавањето на клима во британската јавност дека Британците ќе добијат се што ќе побараат од Унијата.
- Сите во ЕУ порачуваат дека никој од 27-те членки нема да прифати само Британија да извлече полза од Брегзит и порачуваат дека и тие , како и Лондон, имаат „црвени линии“ од кои не сааат да отстапат, пишува лондонскиот весник.
Германските политичари се посебно гневни што Владата во Лондон сака со „уцени и со делби“, според политиката - раздели, па владеј - кон остатокот на ЕУ, да најде сојузници за нејзните ставови и позиции.
- Со таквата стратегија, Британија само ризикува да остане без договор со ЕУ, изјавила за весникот лидерот на Претеничката група на Европската народна партија (ЕПП) во Европарламентот, Манфред Вебер.
Лидерот на групата либерални партии Ги Верховстад, кој е еден од преговарачите на ЕУ за Брегзит, порачува дека Унијата во трагањето по договор со Лондон настапува како обединет блок, а не секоја земја посебно.
- Нема да прифатиме уцени од Британците, како тоа дека ќе воведат ниски даноци, за да го привлечат капиталот кај себе. Не е во интерес на Британија да биде агресивна кон нас, изјавил претставник на Групата на Социјалистте и демократите во Европарламентот.
Актуелниот претседавач со ЕУ, премиерот на Малта, Џозеф Мускат претходно изјави дека од моментот кога Владата во Лондон ќе го покрене членот 50 на Лисабонската спогодба за излез од ЕУ, часовникот ќе отчукува само за Велика Британија, а не и за ЕУ.
Токму Британците треба да брзаат, а не да одолговлекуваат со поставување невозможни барања. Нам во ЕУ, единствено ни е важно да обезбедиме фер договор со Британија, изјави Мускат.
Сите во ЕУ се согласуваат дека не може да и се дозволи на Велика Британија да остане на заедничкиот пазар, без да ги прифати европските прописи. јурисдикцијата на Европскиот суд или слободата на движење на работната сила, забележува „Гардијан“, приговарајќи и на Владата што останува незаинтересирана кон потребата од постоење и на „план Б“ околу Брегзт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...