Лидерката на АФД на средби со блиски сојузници на Путин во Москва

Берлин, 21 февруари 2017 (МИА) - Претседателката на германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД), Фрауке Петри за време на викендот имала средби со руски официјални претставници во Москва, како и се руски ултранационалисти, сојузници на претседателот Путин.
Портпаролот на АФД, Оливер Ланг денеска соопшти дека Петри во Москва разговарала за можна соработка меѓу руските и германските регионални парламенти.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, АФД е има пратеници во 10 германски покраински парламенти, а се очекува на изборите во септември да ја формализира својата позиција на трета најсилна партија во Бундестагот.
Според Ланг, во Москва не се разговарало за руска финансиска помош за АФД и дека средбите меѓу партијата и руски претставници ќе продолжат и во блиска иднина.
Меѓу руските политичари со кои се сретнала Петри се лидерот на екстремно десничарската Либерално демократска паерија на Русија (ЛДПР), Владиммир Жириновски и со претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Државната Дума, Вјачеслав Володин. Германската политичарка во Русија престојувала на покана на градоначалникот на Москва.
Прашањето за руско финансирање на европски екстремно десничарски партии стана актуелно откако претставници на САД и Германија ја обвинија Русија за обид за влијание на изборите и јавноста со пласирање на лажни вести и кибер напади.
Предходно во 2014 година францускиот екстремно десничарски Национален фронт на Марин Ле Пен, доби заем од 9 милиони евра од московската „Прва Чешко-Руска банка“, која подоцна ја загуби лиценцата за работа.
Австриската екстремно десничарска Партија на слободата лани потпиша договор за соработка со партијата на рускиот претседател Единствена Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...