Германската Влада одобри мерки за побрза депортација на мигранти

Берлин, 22 февруари 2017 (МИА) - Германската влада денеска усвои пакет мерки со кои треба да го забрза и поедностави процесот на протерување на одбиените баратели на азил и да се олесни процесот на утврдување на статусот на мигрантите, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според одобрените мерки, германските власти во иднина ќе имаат право да ги проверуваат мобилните телефони на новопристигнатите баратели на азил, кои ќе можат да бидат држени подолго време во депортациски притвор.
Безбедносните служби од сега полесно ќе можат да започнат процедури за следење и мониторинг на сомнителни баратели на азил, а одбиените апликанти ќе може да бидат депортирани директно од прифатните центри без да имаат можност да се движат низ Германија.
Овој потег на германската Влада во текот на викендот го најави шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, Петер Алтмајер, кој соопшти за рекорден број на депортирани баратели на азил во 2017 година, во рамки на операцијата за чие спроведување во последниве два месеци по нападот на берлинскиот божиќен маркет беа извршени десетици координации меѓу низа политички лидери на федерално и покраинско ниво.
Новиот пакет мерки за депортација на одбиените баратели на азил од страна на невладиниот сектор се нарекува „брутализација на депортацискиот процес“, а борците за заштита на човековите права се уште јавно се противат на депортација за бегалци од т,н. „небезбедни земји“, како Авганистан, каде во последниве денови се депортирани стотици мигранти.
Против планот е и партијата Левица, според која, проверката на мобилните телефони е нарушување на правото на приватност. Според оваа партија, Владата на Меркел „сака да ги жртвува основните човекови права на олтарот на внатрешната безбедност“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...