Укината затворската казна за рускиот опозиционер Илдар Дадин

Москва, 22 февруари 2017 (МИА) - Рускиот Врховен суд нареди ослободување на опозиционерот Илдар Дадин, кој беше првиот затвореник во Русија што беше осуден според новиот закон за протести, јавуваат московските медиуми.
Судот оценил дека кривичното дело против него ќе биде отфрлено и дека тој има право на рехабилитација.
Дадин беше уапсен и осуден прво на три, па потоа на 2,5 години затвор, за учество во повеќе протести.
Во ноември минатата година, тој тврдеше дека во затворот, во северозападна Русија бил изложен на тортура. Властите ги отфрлаа ваквите обвинувања, но подоцна тој бил префрлен во друг затвор.
Ваквата одлука на Врховниот суд доаѓа по решението на Уставниот суд на Русија , донесен на почетокот од овој месец, за тоа дека „случајот Дадин„ треба однво да биде разгледан.
Овој руски опозиционер беше осуден според новиот закон со кој учество во неодобрени протести се третира како кривично дело.
И покрај неговото ослободување, контроверзниот закон останува во сила, сега со толкување на Уставиот суд дека судовите треба да земаат во предвид секоја ситуација, особено дали протестот претставува закана за пошироката јавност.
Илдар Дадин е единствениот досега, кој е затворен у осуден според овој закон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...