Сириски азилант обвинет во Австрија за убиство на 20 лица во Сирија

Виена, 22 февруари 2017 (МИА) - Еден 27-годишен сириски азилант во Австрија е обвинет од австриските власти за извршени 20 убиства во Сирија, пред да побегне во Европа со напливот бегалци од воените зони на Блискиот Исток.
Тој е уапсен во јуни, во западна Австрија и се соочува со судење за „серија убиства кои се во контекст на тероризам“.
Според австриското државно обвинителство, Сириецот, чиј идентитет не се открива, е обвинет за убиство на невооружени и ранети војници, во текот на судирањето во сириската провинција Хомс.
Неговиот адвокат изјави за австриските медиуми дека обвинетиот, во тоа време, бил изложен на „тежок стрес“.
Домашните медиуми меѓутоа откриваат дека тој самиот им се пофалил на другите бегалци, смесетни во еден прифатен центар, оти ги убивал владините војници, кога ги наоѓал ранети и без оружје, како припадник на исламистичката милитантна група позната како „Бригада Фарук“.
Австриските правосудни власти не може да го екстрадираат уапсениот и обвинет азилант, затоа што во Сирија се уште трае граѓанската војна.
Убивањето невооружени и ранети војници е забрането според одредбите на Женевската конвенција.
Ова е прв ваков случај во Австрија во поново време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...