„Гардијан“: Околу 12 илјади лекари може да ја напуштат Велика Британија по Брегзит

Лондон, 23 февруари 2017 (МИА) - Околу 12 илјади лекари, кои дипломирале во Европската економска зона може да ја напуштат Велика Британија, бидејќи чувствуваат помала сигурност за нивната иднина по референдумот за Брегзит, пишува британскиот весник „Гардијан“.
Истражувањето, кое го спроведе Британската медицинска асоцијација предизвика стравување дека недостигот на специјалисти во британските болници може да се продлабочи.
Истражувањето се базира на одговорите на 1.193 лекари, кои работат во земјата, која се подготвува да ја напушти Европската унија.
Четириесет и два процента од нив изјавија дека размислуваат за заминување од Велика Британија, 23 отсто не биле сигурни, а само 39 проценти се изјасниле дека немаат таква намера.
- Во момент кога националната здравствена каса веќе ја достигна својата граница и земјата се соочува со сериозен недостиг на персонал, тоа би било катастрофално, рече д-р Марк Потер, претседател на Советот на Асоцијацијата.
Според официјалните податоци во Велика Британија работат 280.932 лекари, од кои 11 отсто се квалифицирале во друга земја од Европската економска зона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...