Британец уапсен во Лондон за кибер напади во Германија

Берлин, 23 февруари 2017 (МИА) - Германската федерална криминалистичка полиција (БКА) денеска соопшти дека во Лондон по Европска потерница издадена од Берлин е уапсен британски државјанин кој се сомничи дека е организатор на масовен кибер напад врз германскиот Телеком.
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, неименуваниот Британец во ноември организирал и спровел кибер напад со кој околу 1 милион сопственици на рутери на германскиот Телеком беа одсечени од интернет. Јавното обвинителство во Келн кое што го води случајот Британецот го товари за „закана за критична коммуникациска инфраструктура од национални размери.
Според изјавата на обвинителството Британецот сакал да влезе во системот на Телеком за да создаде таканаречен „Ботнет“ систем на огромен поврзани електронски направи кој што се користи за кибер криминал а кој што понатаму требало да биде продаден на таканаречениот “Даркнет“ - црниот интернет пазар кој што не е видлив за обичните кориснници на интернет. Германските власти предходните месеци во неколку наврати ја обвинија Русија дека стои зад кибер нападиte на германски институции и компании и дека планира со помош на хакери и лажни вести да влијае на резултатите од сојузните парламентарни избори во септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...